Обезбедени се 140 милиони денари за лекот Трикафта

Сподели

 

 
За 8 пациенти со цистична фиброза денес се обезбедија буџетски средства за набавка на лекoт Трикафта, изјави министерот за здравство, Беким Сали.
 
Станува збор за буџетски средства наменети за Клиниката за детски болести, каде сумата од 563.504.040 ден се зголемува на 703.504.040 ден, односно за дополнителни 140.000.000 ден.
 
Прашан дали чувствува одговорност за смртта на Благојче, министерот денеска изјави дека изразил сочувство до членовите на Асоцијација за цистична фиброза со кои е во постојана комуникација.
 
Министерот потенцираше дека Министерството за здравство не е најодговорна институција за тој случај.
 
“Тој проблем беше наталожен од други фактори, не од Министерството за здравство. Министерството не ги купува лековите, туку го организира системот и правно ги овозможува сите движења. Не е најодговорна институција за овој случај, ние навремено побаравме поддршка и од Владата и од Министерството за финансии – за да одговориме позитивно“, рече Сали.