ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Циклонот „Кристијан“ кој се формираше ширум Европа во текот на следниот период ќе услови крај на сушата во Македонија, а со тоа и стишување на пожарите кој периодов и тоа како ја зафатија државава. Тој за време на викендот ќе услови зачестување на врнежите иако во сабота сеуште ќе бидат со слаб до умерен интензитет и локални по карактер.

Oд недела доцна попладне и навечер истите ќе се интензивираат и прошират насекаде и локално ќе бидат поинтензивни и се очекува да наврнат над 30 л/м2 воден талог. Ќе има услови и за локална нестабилност проследена со грмежи. Ќе дува умерен, на повеќе места и засилен ветер од јужен и од југоисточен правец кој локално на моменти ќе достигнува брзина од над 60 км/час, додека пак на високите планини ќе има врнежи од снег.

Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на опаѓање и тоа за околу 7 до 10 степени.