Облачно и студено, а во северните делови услови за снег

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален слаб дожд, а на планините во западните и северните делови со слаб снег. Кон крајот на денот и во текот на ноќта поради значително заладување, во северните делови ќе има услови за провејување на снег и на повисоките места. Ќе дува умерен, а во западните делови повремено засилен ветер претежно од југозападен правец.

 

 

Во Скопје променливо облачно, кон крајот на денот со услови за слаб дожд. Ќе дува умерен југозападен, а кон крајот на денот северен ветер.

Температурата ќе се движи од 0 до 14 степени.