Облачно и студено со температури под нулата

Сподели

Времето утрово е облачно и студено во поголемиот дел од земјава  со врнежи од снег со слаб, а во мавровскиот регион со умерен интензитет. Најстудено утрово е во Лазарополе, Крушево и Маврово со – 10 степени, а најмногу снег 74 сантиметри има во Маврово.

Врнежи од снег во  југоисточниот дел  од земјата нема. Дува умерен повремено засилен северен ветер, особено на повисоките места, штипскиот и скопскиот  регион.

Минималните температури се движеа од -9 Ѓуриште, -8 Тополчани, -7 Пожаране, -6 Скопје Зајчев Рид, Куманово, Кр. Паланка, -5 Претор, Прилеп, Берово, Скопје Петровец, Тетово и Штип, -4 Битола, Виница, Охрид, -3 Демир  Капија, -2 Струмица, -1 Дојран, 0 Гевгелија.

Снежната покривка се движи од 6 сантиметри во Дојран, 8 Претор, 10 Виница, 11 Д. Капија, 12 Струмица, 14 Прилеп, 17 Штип, 18 Скопје Петровец, Куманово,  20 Охрид, 21 Битола, 23 Крушево, Берово, 25 Тополчани, 26 Кр. Паланка, 27 Ѓуриште, 40 Тетово, 52 Лазарополе, 65 Пожаране до 74 во Маврово.

Во текот на денот времето ќе биде облачно и студено со повремени врнежи од снег со послаб интензитет, особено претпладне. Ќе дува силен северен ветер. Можна е појава на снежни навеви. Дневната температура ќе се движи од -10 до -3 степени.

 Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со повремен слаб снег, особено претпладне. Ќе дува  засилен повремено силен северен ветер. Дневната температура до –7 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

За време на викендот облачноста делумно ќе се намали, но не е исклучено на места да провејува слаб снег. Ќе дува засилен северен ветер и ќе биде многу студено.

Времето  во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, особено во источните делови каде ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од минус 13 до минус три, а дневната од четири до 10 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до минус осум, а дневната ќе се искачи до осум степени.

Во наредните три дена времето ќе биде стабилно и суво. Утрата ќе бидат студени, а преку денот сончево со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе биде во благ пораст.

Кон средината на наредната недела се очекува зголемување на облачноста со локални врнежи од дожд и снег и повторно опаѓање на дневната температура за неколку степени.

Сите права се задржани. Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Македонската информативна агенција.