Вести Македонија Став Топ теми Ударни вести

Заев: Бараме легален начин да го вратиме назад Груевски да ја отслужи затворската казна

Сподели:

 

„Унгарската влада му помогна на Груевски да избега од Северна Македонија и му даде дозвола за престој во Унгарија, што според нас, се коси со меѓународното право. Ние сега бараме легален начин како да го вратиме назад за да си ја отслужи затворската казна“, вели премиерот во интервјуто за Дојче веле

Но, многу други екс-министри се во притвор или веќе отслужуваат затворски казни, дури и од актуелната влада. Луѓе блиски до оваа влада се гонат пред судовите, или се веќе во затвор“, вели Заев и дополнува дека Антикорупциската комисија, обвинителството и судовите имаат целосна независност.

Големо е разочарувањето и траумата кај граѓаните по блокадата на европскиот пат на Северна Македонија, но земјата нема да бара алтернативи, вели премиерот Зоран Заев во интервју за емисијата „Конфликтна зона“ на Дојче веле. Во него, Заев зборува за шансите за решение на спорот со Бугарија, претстојниот попис, корупцијата во земјата и опасноста за регионот доколку продолжи одложувањето на интеграциите во ЕУ. 
„Јас сум оптимист затоа што за време на нашата последна посета на 17 јуни, се сретнавме со сите официјални претставници во Бугарија, со претседателот, со премиерот, министрите и понудивме решенија за сите отворени проблеми. И, постоеше целосна потврда за тоа, но останува неопходноста од политичка влада во Бугарија. Поради тоа, јас сум оптимист и можам да заклучам дека продолжуваме да бидеме целосно пријателски ориентирани, затоа што сме први соседи и нормално треба да обезбедиме подобра иднина за нашите млади луѓе, да не грешиме во таа насока. Затоа, верувам дека по формирањето на новата влада (во Софија, н.з.) е можно решение“, вели Заев. 
Иако разочарувањето во земјата по бугарската блокада „е многу големо”, како што вели Заев, сепак алтернатива за земјата нема.  

Целото интервју на премиерот Заев, за Дојче веле прочитајте го тука.

Сподели: