Облачно со дожд, на повисоките места снег

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе започне да дува засилен ветер од северен правец што ќе услови значително заладување, а на планините и на некои повисоки места врнежите ќе преминуваат во слаб снег.

Температурата ќе се движи од 1 до 23 степени.

 

 

Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец.

Утре  ќе биде облачно и студено со силен ветер од северен правец, на повеќе места со брзина и над 70 км/час. Во југозападните и крајните западни делови ќе има услави за провејување на слаб снег.