ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – 0Времето во Македонија ќе биде сончево со мала, попладне со умерена облачност. Локално ќе има услови за краткотраен дожд, особено на крајниот исток.

Утринската температура се движеше од 3 до 9 степени, а температурата во текот на денот на различни места ќе се движи меѓу 23 и 30 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од 9 до 29 степени.

Продолжува периодот на топло време, во попладневните часови ќе има извесно зголемување на облачноста и услови за краткотраен дожд и ретки грмежи.