Обновена бојата на 110 такси станици во Скопје

Сподели
 

Екипи на Јавното претпријатие Улици и патишта – Скопје по налог на Град Скопје изминатиов период интензивно работеа на обнова на избледената хоризонтална сигнализација на такси станиците на градските сообраќајници. Такси станиците беа обележувани во рамките на пролетната работна акција, а паралелно се работеа и на останатите градски улици. Од 162 такси станици досега е обновена хоризонталната сигнализација на 110 такси станици кои располагаат со вкупен капацитет на 590 такси места. Во општина Карпош обележани се 17такси станици со 114места, во Центар 24такси станици со 162места, во Аеродром 11такси станици со 62места, Гази баба се обележани 9такси со 46места, во Кисела Вода 12такси со 88места, Бутел 5такси станици со 27места, Чаир 12такси станици со 59места и Шуто Оризари 4такси станици со капацитет на 16 такси места.

Во рамките на пролетната акција која неделава е во тек во општина Ѓорче Петров обележани се три такси станици со капацитет на 16 такси места. Во текот на наредните денови со почетокот на екипите продолжуваат со ноќното обележување на такси станиците и на останатите градски сообраќајници каде што е потребна обновата на хоризонталната сигнализација.