Во рамките на фестивалот „Златна лира 2026“, вечер во Музејот на македонската борба ќе настапи пијанистичкиот дует – Јасна Аврамовска и Дарко Мариновски. На програмата се дела од Јохан Себастијан Бах, Франц Шуберт, Винченцо Белини и Едвард Григ, со посебен акцент на премиерната изведба на „Две симфониски пиеси“ од Григ.
Аврамовска и Мариновски имаат богата концертна и педагошка кариера, а Мариновски е активен и како композитор и аранжер. Концертот нуди музичка програма што опфаќа различни епохи и стилови, од барокот до романтизмот. Влезот е слободен.


