Вести Изјави Македонија Статуси Топ теми Ударни вести

Ременски: Очекувам Груевски да објави книга за неговото “храбро” бегство, како лекција – модус операнди за криминалистите

 

Денес истекуваат 6-те месеци неоправдано отсуство од работата на Собранието на пратеникот азилант Никола Груевски.

Пред сериозен тест и одговорност на сите пратеници е спроведувањето на процедурата за одземање на мандатот со 80 гласа “за”.

Пред сериозен тест е Обвинителството и Врховниот суд – ОЈО да даде одговор за истрагата за бегството, а Врховен суд да одолее да не ја укине пресудата за затворската казна.

Во меѓувреме, бидејќи се распишал азилантот очекувам да објави книга за неговото “храбро” бегство, како лекција – модус операнди за криминалистите, а роман за сите останати … – напиша пратеничката Фросина Ременски, на својот ФБ профил.

Сподели: