Од 17 часот посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје

Сподели

 

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста, дека денес од 17.00 часот е закажан протест во Скопје, кој е организиран од страна на политичка партија со релација на движење од плоштадот ВМРО, десно по улицата “Даме Груев“, право по улицата “Васил Главинов“, право по булеварот “ВМРО“, лево по булеварот “Илинден“ до пред зградата на  Влада на Р.Македонија.

Од  тие причини ќе бидат превземени мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на централното подрачје на Град Скопје во периодот непосредно пред и за време на одржување на протестот

МВР апелира  до граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.