Од Битола до Њујорк – овации за „Иновација“ на Анастасија Центар

Сподели

 

 

Во Народниот Театар Битола, на 6 ноември, се одржа премиерата на музичко – танцовиот перформанс “Иновација” на Анастасија Центар, по повод 4ти ноемвири – Ослободувањето на Битола.
 
Позитивниот фидбек и овациите на публиката се највисоката оценка за оваа креација. Нешто што не и се случило на Битола, кое е на висина на сцените во Њујорк, беа дел од коментрите после завршениот перформанс. Бродвеј и слични епитети го крунисаа делото и колку е потребно битолчани да го ценат тоа што го имаат во градот.
 
 
 
Сценската изведба беше отворена со акапелната вокална изведба во живо на професионалната музичарка и артист – Стефанија Милевска Враниќ, проследена со звуците на младите талентирани музичари: Јован Ристевски на гитара и Павел Талевски, на тапани, кој воодушеви со своите соло изведби, главната порака ја пренесуваа младите професионални танчери: Екатерина Мицевска, Глориа Петковска, Сања Лазаревска, чија изведба беше во комбинација со возрасите изведувачи: Наташа Апостоловска, Бојана Артиновска, која создаде ново уметничко дело на сцената и Анастасија Зулевска, која покажа дека танцот нема возрасна граница. Сите учесници беа на возраст од 16 – 64 години.
 

Креацијата, инспирацијата и создавањето беа пренесени низ секојдневните животни приказни на креаторите, а иновацијата е таа нематеријална кохезија на двата света, светот на возрасните и младите. Перформансот поентираше со најмалечките три балерини: Ѓорѓијана, Ана и Јована, заедно со детската танцова група на Анастасија Центар, кои ја пренесија пораката: Ние продолжуваме понатаму! Со овој перформанс се пренесува главната мисла со која функционира Анастасија Центар.

Фотографии: Ивона Кочов
 
***Танцовиот перформанс „Иновација“е паралела на два света, кои според емоционалната зрелост и искуство се тотално далечни, а поврзани се редоследно еден по друг. Мотивот е филозофија на животот и неговите вредности.
Паралела на битолски животни приказни, на луѓе кои функционираат, творат и живеат во Битола, место кое е посебно на свој начин. Свет на возрасни и на млади кои веќе преминуваат во светот на ворасните и имаат безброј неодговорени прашања, за кои возрасните веќе го имаат одговорот, но ја загубиле смислата.
Кога е душата среќна и исполнета? Каков свет оставаат возрасните за младите? Дали тој свет ги воспитува на вистински вредности или на површност и оттуѓеност, пред се оттуѓеност од сопствената душа?
Кога живееш во своето родно место, го правиш тоа што навистина го сакаш и имаш инспирација да твориш, да создаваш и да се радуваш на животот.
На тој начин поврзан со својот корен, со својата душа, ти создаваш иновации. Иновации кои се рефлектираат надалеку и вибрираат додека не постигнат промени во денешното живеење.
Каде се наоѓа иновацијата? Кај младите или возрасните? Дали сеуште постојат иноватори?
Да го подобриме светот во кој живееме, започнувајќи од себе, пренесувајќи на другите, учејќи ги младите, разбирајќи ги возрасните. Да започнеме од домот свој, од градот свој, од земјата своја.
 
Фотографии: Ивона Кочов