Од четврток намалување на температурите

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА –  Денеска времето ќе биде претежно сончево и многу топло. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец. UV=9

 

 

Во Скопје сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер.

Од четврток, во западните делови променливо облачно со локален дожд, во останатите сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северозападен правец, а дневната температура значително ќе се намали.