Преку процесот на преговори со ЕУ до европските вредности во институциите

Сподели

 

Во интервјуто ТВ Алсат, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одговарајќи на прашањето што може да се очекува до крајот од мандатот, со оглед на тоа дека во тек е скрининг процес за исполнувањето на критериумите што ги бара Брисел, потенцираше дека во период во кој што се отвораат преговорите, но и перспективите на Република Северна Македонија и, пред сѐ на граѓаните, на предизвиците кои се отвораат мора да се дадат сериозни одговори.

„Од една страна, да се понесе политичката одговорност на сите политички политички субјекти, чинители итн., пред сѐ на луѓето во Парламентот, за да овозможиме тој процес без никакви проблеми да се одвива понатаму и да работиме енергично на нашиот пат кон Европската унија, затоа што тоа е единствениот пат по кој можеме да се движиме. Тоа е единствената насока која што нѐ води до нашата крајна цел, а тоа е остварувањето на националниот интерес, а тоа е членство во европското семејство.

Дополнително, знаеме колку е вредно – еве  имавме можност да видиме колку е вредно да бидеме дел од НАТО, а секако и дел од Европската унија – и на тоа треба максимално да работиме. Во тој правец, многу посветено работи тимот кој што работеше не само на скрининг процесот, туку веќе и на подготовка на патоказите кои што се однесуваат за поглавјата кои ги покрива МВР – поглавјата 23 и 24. И, можам да кажам дека веќе сме при крај на целосна подготовка на овие патокази и за неколку дена ќе можеме да ги завршиме. Тоа е едниот дел, кој што на стратешко ниво е многу важен за иднината на граѓаните на оваа држава. Бидејќи преку самиот процес на преговори ние практично ќе дојдеме до европски вредности во институциите, до поинаков начин на размислување, генерално, и секој еден од нас треба да се вклучи во целиот овој процес. Ние како министерство ќе ги ставиме на располагање сите наши капацитети во овој дел. Паралелно со тоа, енергичната работа на Министерството за внатрешни работи – а тоа значи посветеноста на обезбедувањето на мирот и стабилноста, близината со граѓаните, градењето на довербата кон институцијата, транспарентноста на институцијата, неселективноста во постапувањето – сите овие резултати можат да ја градат перцепцијата не само за МВР, туку перцепцијата за државата генерално, бидејќи ние мораме низ ваквите процеси да ја промениме таа перцепција која што ја имавме и да се почуствува поинаков пристап. Тоа го чувствуваат најдобро граѓаните и преку таквиот пристап да ја направиме клучната промена која е важна за нас“, појасни министерот Спасовски.