Вести Македонија Ударни вести

Од ноќеска горивата поскапуваат за еден и пол денари по литар

Сподели:

 

Од ноќеска на полноќ бензините и дизелот ќе поскапат за 1,5 денари по литар, а екстра-лесното масло за домаќинства ќе поскапи за еден денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги .

Литар Еуросупер БС-95 ќе се продава за 84 денари за литар, Еуросупер БС-98 ќе се продава за 86 денари за литар, додека малопродажната цена на Еуродизел (Д-Е V) ќе изнесува 75,5 денари за литар. Екстра-лесното масло за домаќинства ќе се продава за 74,5 денари за литар, и мазутот од полноќ ќе изнесува 48,17 денари за килограм.

Сподели: