Филипче оствари средба со семејството Василковски кои донираа органи од нивната ќерка

Сподели

 

Министерот Филипче утрово се сретна со семејството на 40 годишната Јасмина, жената донор на срце и бубрези, која спаси три човечки животи.

 

 

“-Немам зборови со кои може да ја опишам големината и човечноста на семејството Василковски кои во саботата во моменти на најголема болка, одлучи да ги донира нејзините органи”, изјави министерот.

“Јасмина беше мајка на 10 месечно бебе, посветена сопруга, добра сестра и снаа. Василковски се скромни луѓе, нивниот хуман и несебичен гест, никогаш нема да го заборавиме, остануваме поддршка и секогаш сме овде кога ќе треба да им се помогне”, додаде Филипче.