ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде облачно и студено со локални врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните и јужните делови, информираат од управата за хидрометеоролошки работи. Оттаму додаваат дека дува и слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно и студено време со повремен снег со слаб до умерен интензитет, особено во западните и крајните источни делови. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој во Пелагонија на моменти ќе се засилува. Максималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремен снег претпладне како и во вечерните часови. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Температурата до 1 степен.

До четврток ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет, претежно во западните и источните делови. Температурите ќе бидат значително под просекот за овој период од годината, а најстудено ќе биде во четврток кога утринската температура на повеќе места ќе се спушти под -10 степени. Во петок ќе има врнежи од дожд и снег, а позначително затоплување со локални врнежи од дожд ќе има за време на викендот.