Од полноќ нови цени на горивата

Сподели

 

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/литар и со тоа малопродажната цена ќе изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 останува иста и  изнесува 79,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1), се зголемуваат за 1,00 ден/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 66,50 ден/лит.