Од полноќ почнува кампањата за Локалните избори 2025

Сподели:

Од ноќеска на полноќ (29 септември), почнува изборната кампања за локалните избори 2025 година, чиј прв круг ќе се одржи на 19 октомври.

Кампањата ќе трае од 29 септември до 17 октомври, а кампањата за вториот изборен круг, кој ќе се одржи на 2 ноември, ќе трае до 31 октомври.

Ова се осми избори по ред од независноста на државата, на кои ќе има 309 кандидати за градоначалници и 577 кандидатски листи за членови на општинските совети, со вкупно 10 499 кандидати.

Во државата се регистрирани 3.480 избирачки места, од кои во 132 избирачки места се потпишани помалку од десет избирачи.

Од ДИК информираа дека согласно евиденцијата на надлежните органи право на глас имаат вкупно 112.000 избирачи кои се на привремена работа или престој во странство, 2.162 избирачи кои се наоѓаат на издржување казна затвор или се во притвор и 450 избирачи од домовите за стари лица.

Вкупниот буџет за одржување на локалните избори 2025 изнесува 9 милиони 760 илјади евра, од кои две третини се пари наменети за медиумите и платеното политичко рекламирање. Дополнително на овие пари е и сумата за надоместоците на членовите на избирачките одбори и транспортот и дистрибуцијата на членовите на ИО и избирачкиот материјал од ОИК до избирачките места каде што ќе се гласа, бидејќи тие ги обезбедуваат локалните самоуправи.

Сподели: