“Во интерес на сите е изборите да поминат во најдобра демократска атмосфера. Вообичаено е да има и зголемување на интензитетот на изборната кампања, навикнати сме, но сепак тоа да биде во некои прифатливи демократски рамки кои ќе остават позитивен впечаток за целиот изборен процес”, изјави во интервју за МИА претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Борис Кондарко.


