Од понеделник вакцинација на деца од 12 до 16 години исклучиво со Фајзер

Сподели
 
 

Започнувајќи од понеделник, 12. јули, вакцинацијата во државата ќе се одвива без закажување на термини. Започнува и теренската вакцинација којашто ќе се врши преку Здравствените домови, а во денешната изјава за медиуми, министерот за здравство д-р Венко Филипче најави дека ќе се одобри вакцинација и за децата. Според препораките, децата од 12 до 16 години ќе се вакцинираат исклучиво со вакцината Фајзер чие упатство од производителот го дозволува тоа.

 
-Од понеделник ќе се дозволи вакцинирање за деца од 12 до 16 години со вакцината Фајзер којашто во овој момент е единствена вакцина која е дозволена да се користи согласно препораките од внатрешното упатство за оваа категорија деца за оваа возраст. – кажа министерот Филипче.
 

Вакцинирањето на што поголем број на граѓани ќе овозможи заштита од ширење на епидемијата. Спуштањето на рамката на години за лицата кои се вакцинираат, ќе ја намали веројатноста да и младите го шират вирусот. Со вакцинација се овозможува заштита од преносливост на новите соеви и заштита од тешка форма на болеста или смртен исход.