Од утре почнува зимното зонско паркирање на ЈП Градски паркинг Скопје

Сподели:

Јавното претпријатие Градски паркинг- Скопје ги известува сите граѓани дека од 1 октомври започнува зимно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање – зонско со кои стопанисува ЈП Градски паркинг- Скопје.

Работното време во зоните А, Б, Ц ќе биде од понеделник до петок: 07:00 – 21:00 часот, сабота: од 07:00-14:00 часот.

На јавната површина наменета за паркирање зона Д, работното време останува непроменето, односно од понеденик до сабота: од 07:00- 23:00 часот.

ЈП Градски паркинг Скопје им препорачува на сите корисници на услугите да бидат внимателни и навремено да извршат наплата при паркирање согласно наведеното работно време.

Сподели: