Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека ќе побара итно разрешување на директорот и на членовите на Управниот одбор на Историскиот музеј во Крушево, откако беше снимањето на комерцијален музички спот во споменичкиот комплекс „Македониум“, кој предизвика масовен револт во јавноста.
Македониумот во Крушево бил изнајмен од страна на косовски рапер со рап-видео “Секси мама”, за што установата наводно наплатила од раперот 500 евра.
“Навистина, тоа што таму се случило претставува нешто што не требало да се случи. Ќе побарам од министерот за култура и туризам да биде разрешен директорот на таа институција, заедно со Управниот одбор, бидејќи таков тип на институции не треба да бидат изнемоштени и користени за такви намени. Им се извинувам на граѓаните за направениот пропуст и ќе се трудиме во иднина ова да не се повтори“, порача премиерот Мицкоски.


