Крмов: Една ИЕ и фер распределба на средствата за изборна кампања

Сподели:

Координаторот на пратеничката група на Левица, Борислав Крмов, по денешната средба за измени на Изборниот законик, истакна дека на денешната средба претставници на СДСМ воопшто не присуствувале, оценувајќи дека нивното отсуство од процесот е политички неодговорно во момент кога треба да се разговара за правилата под кои политичките партии настапуваат на избори.

„Нашите две главни заложби се јасни – една изборна единица и фер третман при распределбата на средствата за изборна кампања. За нас фер решение е и целосно укинување на платеното политичко рекламирање. Ние не сме дојдени да бараме пари. Ако се укине за сите, ќе се заштедат милиони евра од парите на граѓаните, а сите политички субјекти ќе настапуваат под исти услови“, порача Крмов.

Тој нагласи дека Левица нема да прифати изборен модел во кој една парламентарна партија е ставена во понеповолна положба во однос на останатите учесници.

Сподели: