Го одбележуваме и славиме 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа

Сподели

 

Денеска одбележуваме и славиме голем ден – 9 Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа.
 
Се поклонуваме на борците кои ги положија животите за пораз на фашизмот, од чиишто рушевини е створена македонската државност.
Оддаваме почит и на сите кои придонесоа за големата европска идеја и изградбата на Европската Унија.
 
Нашата држава преку дела секогаш е на вистинската страна на историјата. Беше на бојните полиња во Втората светска војна, меѓу прогресивните антифашистички сили. И денес е рамо до рамо со НАТО, со државите членки на ЕУ, во одбраната на мирот.
 
На патот на напредокот сме – наш аманет од партизаните, нашиот македонски јазик е рамноправно признаен меѓу европските јазици и како успешен модел на мултиетничка држава, дом на сите граѓани, како што е Европа. Местото на Северна Македонија е во ЕУ, изјави премиерот Димитар Ковачевски.