Одбележување 153 години од раѓањето на Гоце Делчев

Сподели

Денеска се одбележува 153-годишнината од раѓањето на револуционерот Гоце Делчев. Премиерот Христијан Мицкоски положи свежо веќе на гробот на Гоце Делчев, во црквата Св. Спас.

“Денеска со чест и гордост положивме свежо цвеќе во спомен на нашиот великан Гоце Делчев, симболот на македонската борба за слобода. Неговите идеи и жртва се вечен патоказ за сите што ја сакаат Македонија.

Вечна му слава!”, изјави премиерот Мицкоски.

Панихидата ја предводеше Архиепископот Охридски и македонски Г.Г Стефан.