СДСМ: Централниот караван „Најдоброто за мојата општина“ денеска во Скопје

Сподели

 

Централниот караван „Најдоброто за мојата општина“ денеска е во главниот град.

Претседателот Зоран Заев ќе биде меѓу граѓаните на општина Чаир и општина Кисела Вода, а вечерва ќе учествува на предизборната конвенција на кандидатот за градоначалник и кандидатите за советници на Град Скопје во паркот Ибни Пајко со почеток во 20.30 часот, каде ќе има и свое обраќање.

Вториот караван денеска ќе биде во општина Петровец, каде заменик претседателката Сања Лукаревска ќе се обрати на граѓанска трибина на плоштадот во Петровец со почеток во 18.00 часот.