Одбележување на Денот на македонската полиција 7-ми Мај

Сподели

Вo вторник, на 7-ми мај, во 12 часот во паркот во општина Аеродром (авион) во Скопје ќе се одржи централната прослава за одбележување на Денот на македонската полиција 7-ми Мај.

На настанот свои обраќања ќе имаат министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев.

На одбележувањето на Денот на македонската полиција ќе присуствуваат и други гости и претставници на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија. Во рамките на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици, како и забавна програма со популарни изведувачи после официјалниот дел.