Од денеска ќе се суспендираат невакцинираните здравствени работници во Франција

Сподели

 

Здравствените работници во Франција кои не биле вакцинирани против коронавирус ќе бидат суспендирани од работа од денеска, пренесува РСЕ.

Од 15 септември, персоналот на болницата, возачите на брза помош, работниците во пензионерските домови, приватните лекари, пожарникарите и луѓето што се грижат за стари или изнемоштени лица во нивните домови – вкупно околу 2,7 милиони луѓе – мора да докажат дека примиле барем една доза вакцина против ковид 19.

Околу 300.000 медицински лица се уште не се вакцинирани, а еден од најголемите француски синдикати во јавниот сектор, ЦГТ, предупреди на „здравствена катастрофа“ доколку владата суспендира голем број здравствени работници и им забрани работа на лекарите од приватниот сектор.

Претседателот Емануел Макрон објави ултиматум пред два месеци, но десетици илјади негуватели се уште не се вакцинирани.

Според проценките на Националната агенција за јавно здравје, околу 12 проценти од персоналот во болницата и околу шест проценти од лекарите во приватните ординации допрва треба да се вакцинираат.