Вести Изјави Македонија Став Ударни вести

Одговорност за незаконските постапки на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски

Сподели:

 

Градоначалникот на општина Гази Баба, назначил лице без лиценца за ревизор, без положен испит, извесен Добри Петров, в.д. директор на Јавното комунално претпријатие Гази Баба. Со ова е прекршен Член 36 од Законот за јавна внатрешна финансиска контрола, информираат од СДСМ.

Ова неовластено лице исто така било незаконски задолжено да изврши ревизија на работата на детската градинка „Детска Радост“. Лицето кое незаконски вршело ревизија, ревизорскиот извештај, согласно Законот наместо да го достави прво кај директорката на градинката, го доставил до градоначалникот, која врз основа на овој незаконски извештај е разрешена. Целта на оваа незаконска операција била разрешување на директорката на градинката.

ВМРО-ДПМНЕ и Стефковски треба да објаснат како в.д. директор на јавно претпријатие Гази Баба го назначиле незаконски да спроведува партиски наредби, бараат од СДСМ.

Законите се јасни и тие се прекршени со постапките на Стефковски и затоа очекуваме надлежните институции да покренат соодветни законски процедури за овој скандал. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски да го повикаат на одговорност нивниот градоначалник и сите вмешани во овој скандал.

Бараме од сите надлежни институции, вклучително и ДКСК, но и Јавното обвинителство да покренат соодветни законски процедури за да утврдат одговорност за овој случај. Согласно документите кои свиркачи ги доставија до нас основано се сомневаме за повеќе незаконитости и прекршувања на законите.

Очекуваме од институциите расчистување на овој случај во целост и соодветна одговорност од сите инволвирани, изјави Дарко Каевски, на денешната прес-конференција.

Сподели: