Вести Македонија Ударни вести

Одобрени 60.000.000 денари од буџетот за чистење на линданот во Охис

 

Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница донесе Одлука за одобрување на 60.000.000 денари од Буџетот за 2019 година за чистење на индустрискиот токсичен отпад (линдан) во поранешната фабрика ОХИС во Скопје.

Средствата утврдени со оваа одлука ќе бидат уплатени на сметката на Канцеларијата за проектни услуги на Обединетите нации (UNOPS), со која Владата на Северна Македонија и Кралството Норвешка, подготвија план за „Поддршка на Кралството Норвешка и Владата на Северна Македонија за чистење на еколошкото жариште ОХИС“.

Сподели: