ЈП Водовод и канализација – Скопје го објави неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола.
Секторот за санитарна контрола во периодот од 20.07.2026 до 24.07.2026 зема 195 примероци за физичко-хемиска и 195 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 45 мерни места во Градот Скопје.
Согласно добиените резултати од испитувањата, сите примероци ОДГОВАРААТ на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.
фото ЈП Вододод


