Фиренца Биенале 2019: Награда „Лоренцо ил Магнифико“ за животно остварување на Мице Јанкуловски

Сподели

 

На престижното Фиренца Биенале 2019 година, вчера му беше доделена големата награда „Лоренцо ил Магнифико“ за животно остварување на Мице Јанкуловски.

На церемонијата на доделувањето на наградата присуствуваа и зедоа збор за творештвот на Јанкуловски: проф. Манос Стефанидис, Грција – уметнички критичар и публицист Мати Грунберг, Израел – уметник (скулптор) колега и пријател Роберт Алаѓозовски – национален координатор за развој на културата и меѓународната соработка на Република Северна Македонија,  
Александар Наумовски – градиначалникот на општина Ѓорче Петров, Скопје – каде Јанкуловски живее.  
Големиот медал „Лоренцо ил Магнифико“ на Мице Јанкуловски му го доделија основачите не Биеналето Пасквале и Пјеро Челона, а мотивацијата за доделената награда ја образложи Мелани Зеферино, куратор на Фиренца Биенале 2019.