Владата на редовна седница ја усвои точката со која се овозможува продолжување и конечно завршување на изградбата на затворениот базен во Охрид, капитален спортски проект чија реализација започна уште во 2015 година.
По преземањето на надлежностите, Министерството за спорт пристапи кон темелна анализа и ревизија на состојбата на проектот. Како резултат на спроведената ревизија, Министерството презеде конкретни чекори за надминување на затекнатите проблеми, меѓу коишто и неопходната измена на основниот проект, со што се создаваат услови изградбата конечно да продолжи.
За целосно завршување на затворениот базен во Охрид се обезбедени 470 милиони денари.
Затворениот базен е инвестиција од огромно значење не само за Охрид туку и за развојот на пливачките спортови во целата држава. Неговото завршување ќе обезбеди современи услови за тренинг на спортистите, развој на младите категории, организирање натпревари и дополнително унапредување на спортската инфраструктура во градот, информираат од Владата.
фото Општина Охрид


