Охрид постави спомен плоча на Горан Стефановски „Македонскиот Шекспир”

Сподели

 

На годишнината од смртта на големиот македонски писател и драматруг Горан Стефановски на Античкиот театар во Охрид беше поставена спомен плоча во негова чест, која ја изработи лајонс клубот „Лихнидос“.

Беше планирано и официјално откривање на плочата, но со оглед на големата природна катастрофа во Албанија, која ја погоди силен земјотрес во кој има десетици загинати и стотици повредени, одлучивме да ја прескокнеме пригодната свеченост, информира ЛК „Лихнидос“, а пренесе „Охридњуз“.

 

 

 

Поставувањето на спомен плочата на Горан Стефановски е само симболичен чин со кој градот Охрид покажува дека знае да изрази почит и да ги негува сеќавањата на нашите великани на уметноста и културата, велат лајонсите од Лихнидос.