“One Stop Shop” на Блаце: 44% повеќе патници и помалку чекање на граница

Сподели:

Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени, ги презентираше конкретните резултати од имплементацијата на системот “One Stop Shop” на граничниот премин Блаце, кој донесе видливи придобивки за граѓаните.

Од 4,6 милиони патници во периодот 2024–2025 година, бројот е зголемен на 6,6 милиони во периодот 2025–2026 година, односно за повеќе од 2 милиони патници или раст од 44 проценти. Ова се конкретни резултати од заложбите за поефикасни граници, пократко чекање и побрзо и полесно движење за сите, изјави Исени.

Сподели: