Вести

Онлајн петиција собра 420.000 потписи за нов референдум во Велика Британија

Сподели:

shutterstock_2731731081-620x349

Британските приврзаници на евроинтеграцијата собраа над 420.000 потписи на онлајн петиција, со која се бара од пратениците да ја разгледаат можноста за нов референдум за членство на Обединетото кралство во ЕУ.

– Ние, долупотпишаните, бараме од Владата да го спроведе правилото, според кое, ако гласачите за или против (членството во ЕУ) се помалку од 60 отсто, а излезноста е под 75 отсто, тогаш треба да се организира нов референдум, се наведува во текстот на петицијата.

Поради масовната посетеност на интернет корисниците, работата на сајтот на британскиот Парламент, каде е регистрирана петицијата, времено беше блокирана.

Според британскиот закон, за разгледување на петиција во Парламентот се неопходни 100.000 потписи, така што пратениците можат да го разгледаат барањето следната недела.

Сподели: