Преку видео порака вчеравечер, на целиот Државен врв му се извини Рафет Мемишовски, еден од Ромите кои протестираа во Битолско Баиро, поради одземените возила на граѓани кои возеле без возачка дозвола.
Тој на протестот се закани со тепачки и убиства поради одземањето на возилата на тие што ќе возат без возачка дозвола.
Видеото со извинувањето го објави Рома пресс на Фејсбук.
„Се извинувам што направив грешка. Ова нема да се повтори. Бев изнервиран. На брачед ми му ја зедоа колата“ – Учесник на протестите во Битола се извинува за јавните закани.
Видео на следниот ЛИНК.


