Операцијата “ПАНДОРА” успешно завршена од страна на ЕУРОПОЛ

Сподели

 

Операцијата „Пандора“, спроведена во октомври и ноември под водство на кипарската и шпанската полиција, била насочена против криминалните мрежи што низ Европа шверцуваат уметнички и културни дела.

Повеќе од 4.000 уметнички дела и археолошки предмети се пронајдени и запленети, а 75 лица се уапсени во неодаменшната акција на Европол спроведена во 18 земји, денеска објави Европол, а пренесе Фена.

Операцијата е спроведена во 18 земји, вклучувајќи ги Австрија, Германија, Грција, Италија и Малта, а во на учествувале и УНЕСКО и Светската царинска организација, пренесе Фена.

Запленети се повеќе од 3.500 предмети, од кои половината се археолошки. Во операцијата се пронајдени повеќе од 400 парички од разни временски периоди. Само во шпанскиот град Мурсија се пројадени 500 историски предмети.