ФОРМУЛА 1: Хамилтон ја освои Големата награда на Мексико

Сподели

hamilton

МЕКСИКО СИТИ (АА) – Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон е победник на големата награда на Мексико, со што остана во трката за титулата првак во Формула 1 за оваа сезона, јавува Anadolu Agency (AA).

Второто место му припадна на неговиот клупски колега Ники Розберг, додека Себастијан Фетел го освои третото место.

Четвртото и петтото место го освоија возачите од екипата на „Ред Бул“, Даниел Рикардо и Макс Ферштапен.

Хамилтон кој стартуваше од пол позицијата, нагло закочи на првата кривина и излета во тревата, но успеа да го сочува водството. Победата за Големата награда на Мексико е 51. победа во неговата кариера.

Во вкупниот поредок, на листата на возачи на Формула 1 води Ники Розберг, со 19 поени предност пред Хамилтон. До крајот на шампионатот во Формула 1 останаа уште трките во Бразил и во Абу Даби.