Општина Бутел воведува комунални редари, 24/7 контроли во две смени

Сподели:

Општина Бутел воведува комунални редари кои ќе бидат присутни на терен во две смени, со службени возила и засилени контроли низ целата општина, објави на ФБ градоначалникот на општината Дарко Костовски..

Ќе се санкционираат несовесното фрлање отпад, создавањето диви депонии, уништувањето на општинскиот имот и другите прекршувања на комуналниот ред.

Јавниот простор е сопственост на сите нас, но и одговорност на секој од нас! Нашата цел не е да казнуваме, туку да воспоставиме ред, одговорност и почитување на заедничкиот простор. За почист, поуреден и поубав Бутел!

Сподели: