Собранието ги изгласа законските измени за намалување на ДДВ за струја, од 18 на 5%

Сподели

 

Собранието вчера ги усвои измените на Законот за додадена вредност, со кој даночната стапка на прометот на електрична енергија кон домаќинствата се намалува од 18% на 5%.

Сметките на граѓаните нема да бидат зголемени и покрај покачувањето на цената на струјата од 1 јули, за 12,3%. Намалената стапка ќе важи од денот на влегување во сила на законските измени до 30 јуни 2022 година.

Целта на измените за воведување на повластени даночни стапки за прометот на електрична енергија кон домаќинставата е да се овозможи пониска цена за граѓаните и намалување на нивните трошоци.