Општина Карпош објави оглас за субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети

Сподели

 

Општина Карпош го објави Јавниот оглас за одобрување субвенции на жителите на Општина Карпош, за купување на велосипеди и електрични тротинети.

Право да аплицираат на огласот имаат сите полнолетни граѓани на Карпош, кои ќе купат нов велосипед или е – тротинет започнувајќи од 03.02.2020 (понеделник). Секој граѓанин потребно е да достави фотокопија од лична карта, трансакциска сметка (фотокопија), фискална сметка за купен велосипед или е – тротинет не постара од 03.02.2020 година.

Граѓаните кои веќе оствариле право на субвенција на огласот на Град Скопје, немаат право да аплицираат на огласот на Карпош.

Во рамки на акцијата, субвенционирањето на велосипед ќе биде најмногу до 30 %  (но не повеќе од 3.000 денари), а субвенционирањето на е – тротинет најмногу до 30 %  (но не повеќе од 5.000 денари).

Акцијата ќе се спроведе по принципот „прв дојден, прв услужен“, а исплатата на средства ќе биде по завршување на изборниот процес..

Трета година по ред Општина Карпош ја спроведува акцијата за субвенционирање на велосипеди, а од оваа година, за прв пат стимулираме и купување на електрични тротинети.

Примарната цел на локалната самоуправа е да го поттикне користењето на алтернативни превозни средства и да се придонесе во намалување на аерозагадувањето.

Линк до Јавниот оглас: https://bit.ly/3b8NYxU