Вести Македонија

Општина Карпош со стипендии за талентирани ученици и спортисти

Сподели:

 

За да ги мотивира основците од десетте училишта на своја територија, општина Карпош распиша јавен оглас за доделување на стипендии за талентирани ученици –спортисти, кои учат во осмо и деветто одделение. Висината на стипендијата ќе изнесува 2.500 и 3.000 денари месечно, за четири месеци во текот на учебната година. Заинтересираните кандидати, кои аплицираат за огласот за талентирани ученици, потребно е да ги достават следните документи:

  • Да се жители на oпштината Кaрпош,
  • Да се редовни ученици во VIII и IХ одделение во општинските основни училишта од подрачјето на Општина Карпош
  • Да оствариле континуиран одличен успех во текот на школувањето од VI до VIII, односно IX одделение од најмалку 4.5
  • Да имаат освоено I, II или III место на натпревари.

Рокот за поднесување на документите е заклучно со 15.09.2022  година. Документите на кандидатите кои не се комплетни и не се навремено доставени нема да бидат разгледувани.

Линк до огласот за талентирани ученици

 

 

Заинтересираните кандидати, кои аплицираат за огласот за талентирани спортисти, потребно е да ги достават следните документи:

  • Да се жители на oпштината Кaрпош (адреса на живеење),
  • Потврда од училиштето дека спортистот е редовен ученик во VIII или IХ одделение во општинските основни училишта од подрачјето на општина Карпош.

Рокот за поднесување на документите е заклучно со 15.09.2022 година.

Документите на кандидатите кои не се комплетни и ненавремено доставени нема да бидат разгледувани.  

Линк до огласот за талентирани спортисти

 

Напомена: Еден кандидат може да оствари право само на една стипендија. Кандидатите кои аплицирале – конкурирале за повеќе различни стипендии по објавени огласи (спорт или образование) од Општина Карпош и ги исполнуваат условите за добивање на повеќе од една стипендија, ќе добијат известување од службите во општината и врз основа на сопствен избор ќе се определат за една од стипендиите.

Сподели: