Вести Македонија

Средба Османи-Зулуета: Владата ќе ги адресира клучните забелешки и препораки на ОБСЕ/ОДИХР пред одржувањето на локалните избори

Сподели:
Денес во просториите на Секретаријатот за европски прашања се одржа средба помеѓу Заменик
Претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бујар Османи и шефот на набљудувачката
мисија на ОБСЕ/ОДИХР за последните парламентарни избори, Кајетана Де Зулуета.
Вицепремиерот Османи истакна дека оваа посета доаѓа во вистинско време за земјата со оглед на тоа
што ни претстојат локалните избори кои треба да се одржат во октомври 2017 година и претставува
одлична можност да се усогласат клучните приоритети од препораките од извештите на ОБСЕ/ОДИХР
кои треба да се адресираат во наредниот период.
„Владата многу сериозно пристапи на забелешките и препораките нотирани во последниот извештај на
ОБСЕ/ОДИХР изготвен по одржувањето на последните избори.“ – рече Османи. Тој додаде дека
Владата веќе изготви план во кој посебно место имаат т.н. итни приоритети на кои Владата ќе се
посвети во наредните 3 месеци, т.е. токму пред одржување на локалните избори. „Потребно е да
покажеме дека имаме капацитет да спроведеме демократски и кредибилни избори во согласност со
меѓународните стандарди што би било уште еден позитивен елемент за придвижување на земјата во
процесот на европска интеграција.“ – додаде Османи.
Покрај разговорите за изборните реформски приоритети, двајцата соговорници изразија задоволство
од новата позитивна клима која владее во земјата и оптимизмот од враќањето на земјата на европскиот
пат. Тие констатираа дека новиот позитивен импулс, како во Македонија, така и кај земјите членки на
унијата, треба да се искористи за уште похрабар пристап кон исполнување на предвидените реформи

и со тоа да се забрзаат процесите на европската и евро-атлантската интеграција на Република

Македонија.
Сподели: