Во рамките на Првиот парламентарен самит на Меѓународната Кримска платформа кој што се одржува во Загреб, претседателот на Врховната Рада на Украина, Руслан Стефанчук, му додели на претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, Орден Јарослав Мудриот.
Орденот се доделува за значајни лични заслуги во зајакнувањето на меѓудржавната соработка, поддршката на државниот суверенитет и територијалниот интегритет на Украина, за значителен придонес во популаризацијата на украинската држава во светот. Покрај претседателот Џафери, овој Орден за заслуги го добија и следниве претседатели на Парламенти:
БАС- Претседател на Бундестагот на Сојузна Република Германија;
ВИТЕК – Маршал на Сејмот на Република Полска;
ГАРАХАНИ – Претседател на Стортингот (Парламентот) на Кралството Норвешка;
ХРОЏКИ – Маршал на Сенатот на Република Полска;
ИРЕАН- Претседател на Сенатот на Парламентот на Ирска;
КЕЛИН- Претседател на Националниот совет на Федералното собрание на Швајцарската Конфедерација;
ЛАРШЕ – Претседател на Сенатот на Француската Република;
МУРНИЕСЕ – Претседател на Саeима (Парламентот) на Република Латвија;
ПЕЛОСИ – Претседател на Претставничкиот дом на Соединетите Американски Држави;
РАТАС – Претседател на Риигикогу (Парламентот) на Република Естонија;
ЧМИЛИТЈЕ-НИЕЛСЕН – Претседател на Сеимас (Парламентот) на Република Литванија;
ЈАНДРОКОВИЌ – Претседател на Саборот (Парламентот) на Република Хрватска.