Магазин Наука и Технологија

ОРИОН: Големата црвена дамка снимена од Јунона

Сподели:
Вселенското летало Јунона кое е во орбита на Јупитер веќе една година. Во вторникот сондата го направи својот седми близок прелет покрај планетата прелетувајќи на само 3.500 км од последните слоеви на атмосферата. За време на прелетот Големата црвена дамка се наоѓаше точно под вселенската сонда со кој се направија интерени снимки од овој највпечатлив белег на џиновската планета.
За прв пат добивме нова перспектива од Големата црвена дамка која се создава од антициклонски стуења во атмосферата на Јупитер. Овој белег знаеме дека постои веќе повеќе од 350 години, а во последните стотина години континуирано се собира и нејзините димензии се неколкукратно намалени. Со такво темпо Големата црвена дамка може комплетно да исчезне како атмосферска формација во наредните триесетина години. Со Јунона ќе добиеме многу подобра претстава за нејзиното создавање и дали е можно во иднина да почне да расте во димензии како што била во минатото.
По објавувањето на сировите фотографии кои беа снимени пред само два дена, најдобрите астрофотографи веднаш ги обработија сликите, ги објавија низ социјалните мрежи и интернет порталите. Погледнете некои од најуспешните обработени снимки.

Јупитер

Големата црвена дамка пред приодот од северната (десно) хемисфера (с) NASA/Kevin M. Gill

Picture

Малку покрупни детали од горната фотографија со различни нијанси и контраст (с) NASA/Roman Tkachenko

Јупитер п7

Прелет над големата црвена дамка (с) NASA/Kevin M. Gill

Јупитер перијов 7

Истата фотографија обработена со помал контраст и поприродни бои (с) NASA/Seán Doran

Јунона црвена дамка

Истата фотографија од погоре со малку позелени нијанси (с) NASA/Gerald Eichstadt

Јупитер - ГЦД

Покрупен детал од горната снимка (с) NASA/Roman Tkachenko

Јунона перијов 7

Големата црвена дамка при блискиот прелет (перијов 07) нејзините димензии се околу 15.000 км север-југ (с) NASA/Seán Doran

Јупитер

Зголемен контраст и веќе се насетува терминаторот – преминот од ден во ноќ (с) NASA/Kevin M. Gill

Јупитер југ

Други антициклони во јужната хемисфера, на десната страна е јужниот пол. Кликнете на сликата за изворна резолуција од 32 мегапиксели (с) NASA / SwRI / MSSS / Gerald Eichstädt / Seán Doran
Сподели: