ОРИОН: Првиот стадиум на Фалкон 9

Сподели
Лансиран е шпионски сателит NROL-76 на американската Агенција за извидување со помош на Фалкон 9 ракетата на СпејсЕКС. Поради тајноста на содржината на сателитот и неговата точна орбита, вториот стадиум од летот не беше пренесуван со слика.

Фалкон 9 стадиум

Некои од стадиумите по одвојувањето на првиот стадиум на ракетата Фалкон 9 (с) SpaceX
Затоа преносот на оваа мисија беше фокусиран само на првиот стадиумм од летот кој беше пратен со камери кои можеа да ја снимаат ракетата детално од лансирањето до приземјувањето, воедно беше пропратен со детална телеметрија на неговата моментална брзина и висина на која се наоѓа.
Ова е прв лет на Фалкон 9 ракетата чиј прв стадиум е детално пратен со камери од Земјата за време на целата мисија. Од снимката може да се забележат сите маневри кои се превземаат додека трае летот, а секако можеби најинтересен е делот кога се палат ракетните мотори при влез во атмосферата.

СпејсЕКС со шпиунски сателит

Фалкон 9 со сателитот NROL-76 (c) SpaceX