„Ослободување на Скопје“ премиерно во Загреб

Сподели

zff2-702x336

Филмот „Ослободување на Скопје“ во режија на Данило и Раде Шербеџија вечерва ќе ја има својата премиера пред загрепската публика во рамки на 14. издание на Загреб филм фестивал. Филмот кој е копродукција меѓу Македонија, Хрватска и Финска се натпреварува во Главната програма на фестивалот и наградата „Златна количка“  заедно со уште 12 наслови.

Загреб филм фестивал беше отворен во саботата (12 ноември), со проекцијата на финскиот кандидат за Оскар „Најсреќниот ден во животот на Оли Маки“ на Јухо Куосманен, добитник на највисоката награда во програмата „Извесен поглед“ на фестивалот во Кан, како и „Златната камера 300“ на „Браќа Манаки“ во Битола.

До 20 ноември, на неколку препознатливи локации, како кината „Европа“ и „Тушканац“, Музејот на современа уметност, Докукино во Културно-информативниот центар, Гете-институтот и новата академска сцена Ф22 ќе бидат прикажани над сто филмови во Главната програма на долгометражни и краткометражни остварувања, „Големите 5“, „Повторно со нас“, детската програма „Бибијада“, краткометражни остварувања во програмата „Коцкички“, ретроспектива на германскиот режисер Андреас Дресен, „Мокументарци“ и ретроспективната програма „На што се смеевме во социјализмот“. Фестивалот ќе биде затворен со проекцијата на култниот филм на Дејвид Кроненберг „Судар“, со што ќе биде одбележана дваесетгодишнината од премиерата.

radiomof.mk