Османи: Апсолутно го поздравувам ангажманот на САД во поддршка за владеење на правото и борбата против корупцијата

Сподели

 

Го поздравуваме овој засилен ангажман на САД во поддршка на институциите за владеење на правото и за борба против корупцијата, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

– Апсолутно го поздравуваме овој засилен ангажман на САД во поддршка на институциите за владеење на правото и за борба против корупцијата, рече министерот Османи на прес-конференцијата со бугарскиот колега Милков.

Османи рече дека веднаш по почетокот на Стратешкиот дијалог, САД финансиски го помага делот за владеење на правото, а сега продолжува со дополнителни механизми преку поддршка од страна на експерти, искористување на нивните механизми, санкционирање, јавно именување…

-Секаде каде што граѓаните се јавуваат на шалтер и бараат услуга од државата има елементи на корупција и ништо не сме направиле ако нема сеопфатен пристап во овој дел. Сеопфатен пристап од портирот на врата до највисокиот функционер во државата. Го поддржуваме тој процес, поддржуваме компромисна борба на сите нивоа, од најниско ниво до највисоко ниво и сме спремни да бидеме носители на тој процес, рече Османи.